Навални излезе од болница, последиците од труењето уште не можат да се утврдат

Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија Навалнаја

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отпуштен од болница и не му е потребна акутна болничка помош, соопшти денеска берлинската болница „Шарите“ во која тој се лекуваше.

Германска лабораторија, како и уште две други независни лаборатории, соопштија дека според резултатите што ги добиле, Навални бил отруен со нервниот агенс Новичок. Тој на 18 август доби напад на силни болки на лет во Русија, а два дена по хоспитализирањето во рускиот град Томск, беше префрлен во германската болница „Шарите“. Дел од западните земји ја обвинија Москва за труењето, но официјален Кремљ отфрли каква било поврзаност со состојбата на Навални.

Во денешното соопштение од болницата во Германија, каде се лекуваше Навални, се наведува дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат. На Навални му се слоши за време на летот од Сибир за Москва, откако авионот принудно слета во Томск, а на 20-ти август беше префрлен на лекување во Германија.