Комисијата за заразни болести без одлука за дневен престој во училиштата

Затворено училиште поради коронавирусот. Илустрација.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не донесе одлука дали во основните училишта ќе профункционира целодневениот престој за децата кои физички ќе посетуваат настава. Одлука комисијата ќе донесе кога Министерството за образование ќе и достави податоци за колкав број на деца се работи.

„Ова прашање не е сè уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме“, изјави за МИА Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно изјави дека е направена анализа за бројката на деца кои би требало да останат во училиште и по завршувањето на часовите во смена.