Нов протест на мајките на деца до 6 години и на продолжено породилно

Протест пред Владата на мајките кои се на породилно и оние чии деца имаат до шест години, 17 септември 2020

Мајките кои се на породилно и оние чии деца имаат до шест години денеска повторно ќе излезат на протест пред Владата поради одлуката во среда да се вратат на работа. Протестот е закажан за во 17.30 часот, пред зградата на Владата.

Мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца. Тие бараат итно укинување на одлуката за враѓање на работа од 23 септември и нејзино пролонгирање до крајот на годинава.

По минатонеделниот нивен протест, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека Владата не ги прифатила нивните барања кои тие ги доставија во четвртокот.