Нови 178 случаи на коронавирус во Македонија, четворица починати

Луѓе со заштитни маски во Скопје поради пандемијата со Ковид-19

Во изминатото деноноќие се регистрирани 178 нови случаи на коронавирус во Македонија, а четворица луѓе починале. Направени биле 1368 тестирања, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје 42, потоа следуваат Куманово со 19, Кочани 17, Прилеп 16, Тетово 14, Струмица 13, Гостивар 11, Кичево 8, Струга и Велес по 5, Битола и Гевгелија по 4, Охрид и Валандово по 3, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по 2 и по еден нов случај е регистриран во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница и во Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.