Пендаровски од Вартоломеј бара македонските православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Истанбул - Средба на македонска делегација со Вартолемеј, архивска фотографија.

Претседателот Стево Пендаровски му пиша писмо на патријархот на Вселенската патријаршија Вартоломеј во кое бара патријархот да го употреби своето апелационо право, со што македонските граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.

Претседателот на државата му упати писмо на Вартоломеј по повод почетокот на Новата црковна година. Во писмото претседателот Пендаровски наведува:

„Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици“, вели Пендаровски.

Тој го информира Вартоломеј дека државата изминатите три години решила да го искористи времето во наша полза и да ги остави зад нас историските несогласувања.