Еврејски аџии блокирани на украинската граница

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Повеќе од илјада еврејски аџии се блокирани на границата меѓу Белорусија и Украина поради ограничувања поради пандемијата, а доаѓаат се повеќе, објавија властите на двете земји. Хасидските Евреи, кои претежно се од Израел Франција, Велика Британија и САД сакаат да одат на аџилак во Уман, Украина. Оваа година аџилакот е закажан за 18-28 септември. Украинските и израелските власти ги повикаа Евреите да се откажат од аџилакот оваа година поради пандемијата, особено затоа што Украина забрани влез на странци на нејзина територија на крајот на август поради зголемување на бројот на инфицирани.