Николовски: Ќе има кратење и спојување на државни институции

Вицепремиерот Љупчо Николовски

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, денеска на прес-конференција не ги кажа имиња за лицата кои ќе бидат назначени на директорските позиции во органите на управата и инстититуции, но нагласи дека од идните директори ќе биде побара четиригодишен план со визија за тоа што ќе сработат во текот на мандатот.

„Дел од директорите кои дадоа силен импакт во рамки на секторите, институциите што ги водат заслужуваат да ја добијат поддршка, дел не, но тоа ќе оставиме да биде дел од процесот, кој како влада и комисија ќе го почнеме по направените анализи, заеднички да побараме луѓето да бидат вградени, вклучени со своите капацитети. Од секој директор ќе побараме план како ќе раководи, која е неговата визија во следниот четири годишен мандат“, рече Николовски.

Тој додаде дека треба да се има предвид и дека ќе има кратења на институции, но и спојување на повеќе институции во една.