75-та сесија на Генералното собрание на ООН

Генералното собрание на Обединетите нации, архивска снимка

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја отвора својата историска 75-та седница која ќе биде виртуелна. За прв пат, Генералното собрание на ОН нема да биде со лично присуство на говорниците. Наместо тоа, говорите ќе бидат претходно снимени на видео. Меѓу исклучоците се американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Генерално собрание на ОН прв пат без државните лидери

Генералното собрание на 21 септември ќе ја одбележи седумдесет и петтата годишнина од ОН. Темата на овој настан ќе биде: „Иднината што ја сакаме, ОН ни требаат: Потврдување на нашата колективна определба за мултилатерализам“. Првиот ден на генералната дебата на високо ниво ќе биде вторник, 22 септември.