Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ

протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил за денеска најави протестен марш кој ќе почне од Министерството за правда, па ќе продолжи по мостот “Гоце Делчев”, за да заврши пред Министерството за надворешни работи. „Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, порача Мицкоски.

Втор протест на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од РКЕ, нема повлекување

Ова е ќе биде трет протест на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на „жешката есен“ што ја најави Мицкоски. Во минатата недела партијата протестираше пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се врати старата цена на струјата.