На анти-владините протести во Бугарија уапсени шест луѓе

Протести во Софија, 10 септември, 2020.

На денешните протести во Бугарија се уапсени шест луѓе, затоа што наводно носеле забранети предмети. Во главниот град на Бугарија, протестите против корупцијата, Владата и државниот обвинител се одржуваат веќе 64 дена. При претресот во областа каде што демонстрантите протестираат полицијата пронашла метални цевки, вреќи полни камења и стаклени шишиња, дрвени шипки, два ножа, стап и сад со пет литри неидентификувана течност со силен мирис.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Софија

Денешниот протест е продолжение на „Големото национално будење“ одржано на 2 септември, кога илјадници демонстранти маршираа по улиците барајќи оставка од владата на Бојко Борисов и главниот државен обвинител Иван Гешев.