Голем пожар избувна во најголемиот грчки камп за мигранти

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Најголемиот грчки камп за мигранти беше делумно евакуиран откако избувна голем пожар во пренатрупаниот и нехигиенски дом на скоро 13.000 баратели на азил. Гореше скоро целиот логор Мориа на островот Лезбос, вклучително и една маслинова градина надвор од кампот каде што многу азиланти спијат во шатори. Бегалскиот камп Мориа од минатата среда е во 14 дневен карантин, откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 кај бегалец од Сомалија.