ВМРО-ДПМНЕ в среда излегува на протестен марш низ Скопје

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во среда излегува на протести изјави на денешната прес-конференција, партискиот лидер Христијан Мицкоски.

„Имеме историски најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Оваа влада има историско најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Народот го чекаат уште потешки денови и делиме задничка грижа и затоа во среда на 9 септември во 18 часот ќе организира протест. Тоа е прв во серијата која ќе ги организираме. Ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика, која е маша на власта. Од неа ќе бараме да се врати цената на струја на старо“, рече денеска Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ минатата недела најави дека ќе почне со организација на протести. На минатонеделната прес-конференција, кога Мицкоски соопшти дека нема да си поднесе оставка на барање на Одборот за вонреден конгрес, рече дека „криминалната власт ќе падне пред граѓански протести“.

Овие најави за протести, премиерот Зоран Заев ги нарече „показател дека ВМРО-ДПМНЕ е фрустрирана оти не е на власт“. Протестите, рече Заев денеска, се нормална работа во слобода и во демократија, но јас, како претседател на Владата, и парламентарното мнозинство, ќе направиме сѐ да не дозволиме да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот.