Отпуштен уредник кој објави фотографија од Орбан и неговото семејство

Виктор Орбан

Уредникот на неделникот „168 Ора“ доби отказ откако весникот објави фотографија од премиерот Виктор Орбан со неговото семејство, што дополнително ја доведе во прашање слободата на печатот во Унгарија. На фотографијата, која Орбан претходно ја објави на својата веб-страница, се гледа шефот на владата како позира дома со сопругата и петте деца на возраст од 16 до 31 година. Фотографијата илустрираше статија за политиката на раѓање и беше објавена во списанието оваа недела.

Им го сменија уредникот, вработените во најчитаниот независен портал во Унгарија дадоа отказ

Десетици новинари, вклучително и водечки уредници на унгарскиот независен портал за вести Индекс.ху, поднесоа оставка кон крајот на јули во знак на протест против разрешувањето на главниот уредник. Слободата на медиумите во Унгарија значително се влоши по враќањето на Орбан на власт во 2010 година и државата директно контролира стотици лојални публикации финансирајќи ги со големи буџетски средства.