ОН: Летото влијаеше за намалување на ледените делови на планетата

Антарктик

Светската метеоролошка организација објави дека летово ќе остави „длабоки рани“ во „криосферата“ - ледените делови на планетата Земја, поради топлотниот бран на Арктикот, каде што растат двојно побрзо од глобалниот просек. „Брзото топење на морскиот мраз, од своја страна придонесува за поголемо затоплување, а со тоа се создава маѓепсан круг и последиците не остануваат само на Арктикот“, рече портпаролката Клер Нулис на редовниот брифинг во Женева. Во последните неколку месеци, според соопштението, поставени се нови температурни рекорди, вклучително и во рускиот град Верхојанск во Сибир, во кој на 20 јуни беа забележани 38 степени. „Она што го видовме на Сибир оваа година беше крајно лошо и исклучително тешко“, рече Нулис.

Гренланд лани изгуби рекордни 586 милијарди тони мраз

Како последица на глобалното затоплување, таа ги наведе топлотниот бран на Арктикот, шумските пожари во Сибир, речиси рекордното ниско ниво на мраз во морето и кршењето на една од последните целосно недопрени канадски ледени плочи Милна. Ледената плоча на Милна се распадна во јули, намалувајќи ја нејзината површина за 43 проценти. „Летото 2020 година ќе остави длабока рана на криосферата“, се вели во соопштението на Светската метеоролошка организација, додавајќи претстои „загрижувачки тренд“ на поплави ширум светот