Постигнат историски мировен договор во Судан

Фотографија од еден од протестите против воениот конфликт во Судан, наградена како Фотографија на годината 2020 од Ворлд Прес Фото.

Водачите на Суданскиот револуционерен фронт (СРФ), организација која ги поддржува бунтовничките групи во западниот регион Дарфур и јужните држави Јужен Курдуфан и Синиот Нил, и суданските политички лидери денеска се согласија за историски мировен договор – важен прв чекор кон прекин на 17-годишниот конфликт во Судан, јави ДПА.

Договорот е постигнат во главниот град на соседен Јужен Судан, но се уште не е потпишан, за да се остави вратата отворена за две клучни бунтовнички групи да се приклучат на „конечниот” договор, соопштија властите.

Конфликтот во Јужен Кордофан и Синиот Нил избувна во 2011 година, по нерешените борби во граѓанската војна во Судан (1983-2005). Според Обединетите нации, во Дарфур, во 2003 година, околу 300.000 луѓе биле убиени од бунтовниците.

Мировниот договор, што е оценет како историски, предвидува и распуштање на бунтовничките сили и интеграција на нивните борци во националната армија. Договорот е значаен чекор на преодната влада во надминувањето на многу длабоките граѓански конфликти.