ЕУ воведе санкции за 20 белоруски функционери

Белорусија - жена го носи белоруското знаме за време на опозициските протести во Минск против резултатите на претседателските избори во земјата. 28.08.2020.

Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија да воведат санкции за 20 високи белоруски функционери, кои се осомничени за вмешаност во изборни измами и брутални остри мерки против демонстрантите, по одржувањето на спорните претседателски избори на 9 август.

Министрите не исклучија дека белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе биде меѓу оние што се наведени на списокот на санкции, доколу земјата не престане со кршењето на човековите права.

Во меѓу време, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на 28 август понуди да посредува меѓу владата на Лукашенко и опозициските лидиери кои обвинуваат дека претседателските избори биле наместени во корист на Лукашенко.

Во друг дипломатски гест на 28 август, мисиите на САД, ЕУ, Швајцарија и Британија издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека стојат во солидарност со народот во Белорусија и нивната решеност да бараат демократски промени.

Во Белорусија скоро три недели се случуваат протести, откако на резултатите на изборите покажаа убедлива победа на Лукашенко. За време на викендот се планирани уште поголеми протести.