Лукашенко возвраќа на санкциите од ЕУ

Протести во Белорусија по претседателските избори

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да воведат санкции против 20 високи белоруски функционери кои се осомничени дека се вмешани во изборни измами и брутална полициска акција против демонстрантите. Оваа одлука е донесена на денешниот состанок на министрите на земјите членки на Унијата. Тие во заедничкото соопштение истакнаа дека белорускиот претседател Александар Лукашенко е веројатно дека во некој нареден одреден момент ќе се најде на листата за санкции.

Макрон предлага посредување на ЕУ во Белорусија, со вклучување на Русија

Во меѓувреме ОБСЕ се понуди да биде медијатор меѓу владата на Лукашенко и опозицијата која обвинува дека претседателските избори се фалсификувани.

Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

Американскиот заменик државен секретар Стивен Биегун на својот официјален твитер профил напиша дека на целиот свет му е јасно оти последните претседателски избори во Белорусија се „корумпирани“ .

„Ова не е натпревар меѓу Истокот и Западот, и секако не е натпревар меѓу Русија и САД. Ова е битка меѓу владетелот и неговиот народ,“ напиша Бигун.

Лукашенко најави дека ќе одговори соодветно на новите санкции, со тоа што ќе воведе санкции против две соседни земји од ЕУ а тоа се Полска и Литванија.

Како Западен Балкан реагира на настаните во Белорусија?