УНИЦЕФ: Третина од децата во светот немаат можност за онлајн учење

Илустрација

Фондот за деца при Обединетите Нации, УНИЦЕФ, соопшти дека најмалку една третина од децата во светот немале можност да учат на далечина во моментите кога поради Ковид-19 беа затворени училиштата. Според нив тоа е еднакво на „вонредна состојба во образованието на глобално ниво“. УНИЦЕФ посочува дека на врвот на затворањето училишта поради пандемијата, речиси 1,5 милијарди деца биле погодени.

„За најмалку 463 милиони деца чии училишта се затворени поради Ковид-19, немаше такво нешто како учење од далечина. Толкавиот број на деца чие образование е целосно нарушено со месеци е вонредна состојба во образованието на глобално ниво. Последиците би можеле да се почувствуваат во економиите и општествата. во наредните децении“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форт.

Во извештајот на УНИЦЕФ се укажува на значајна нееднаквост по региони, а децата во субсахарска Африка се најтешко погодени. Кога станува збор за бројките, најмногу деца се погодени во регионот на Јужна Азија, односно најмалку 147 милиони деца.