Средба на експерти од Косово и Србија

Претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак со Скендер Хисени, назначен за косовски координатор на дијалогот (лева фотографија) и Марко Ѓуриќ претставник на Србија, во Брисел, на 23 јули 2020 година.

Денеска ќе се одржи експертска средба во рамките на политичкиот дијалог меѓу Србија и Косово потврди за РСЕ Набила Масрали, портпарол на Европската унија за надворешна и безбедносна политика. „По продолжувањето на највисоко ниво во јули, дијалогот продолжува со серија состаноци на стручно ниво како дел од тековниот процес. Можеме да потврдиме дека состаноците ќе се одржат на 27 август“, рече Масрали.

Столтенберг: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствениот начин за решение

Ова ќе биде трета средба на ниво на експерти, предводени од Марко Ѓуриќ од белградска и Скендер Хисени од приштинска страна. Како дел од дијалогот, тие два пати се состанаа во Брисел, на 23 и 30 јули. На овие состаноци се дискутираше за исчезнатите и раселените лица, како и за економските прашања. Нема потврда од седиштето на ЕУ која ќе биде темата за дискусија на денешната средба. Бриселскиот дијалог меѓу Србија и Косово, насочен кон целосно нормализирање на односите, е застој во речиси 20 месеци.

Лидерите на Косово и Србија на средба во Белата куќа на 4 септември

Овој процес беше обновен на 12 јули, кога на видео конференција се разговараа политичките лидери, односно претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти. Четири дена подоцна, на 16 јули, тие имаа и директна средба во седиштето на ЕУ. Следната средба на највисоко политичко ниво е објавена за 7 септември.