Зголемено обезбедување во болницата кај што се лекува Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Германската полиција го зголеми обезбедувањето во болницата каде се лекува рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Се уште нема известување од болницата за тоа каква е неговата состојба.

Навални на лекување во Германија, состојбата му е стабилна

Навални пристигна вчера во Берлин откако беше евакуиран од сибирскиот град Омск по сомнително турење. Шефот на германската невладина организација „Кино за мир“, Џака Бизил која испрати приватен авион за Навални изјави дека неговата состојба е стабилна.

Навални кој е остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, е во кома откако се разболе на 20 август за време на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета во Омск.