Во Косово и во Албанија расте бројот на заразени со ковид-19

na

Во Косово во изминатите 24 часа десет лица починаа од последици од ковид-19, а регистрирани се 162 новозаболени и 220 излекувани. Досега бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 12.168. Од нив починале 448. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.572 лица. Вчера се извршени 584, а од почетокот на пандемијата, вкупно 46.452 тестирања.

Во Албанија во изминатото деноноќие регистрирани се 152 новозаразени, што значи просечната бројка во овој месец е околу 150 случаи дневно.

Туризмот го зголеми бројот на новозаразени со ковид-19 во Хрватска

„Имаме повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19 . Од направените 864 тестови, позитивен резултат е добиен кај 152 од нив, при што речиси половина од нив се во Тирана, додека ново жариште е Корча со 19 случаи. Добра вест е дека во последните 24 часа во списокот на оздравени се внесени 110 лица, додека за жал починаа двајца пациенти“, информираше Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Таа додаде дека од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март направени се 54.435 тестови, позитивен резултат е добиен кај 8.119 лица, оздравеле 4.096 а починале 240 лица. Активни на болеста се 3.783 случаи.