Поранешниот советник на Трамп Стив Бенон обвинет за измама

Поранешниот советник во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон

Поранешниот советник во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, денеска е уапсен под обвинение за измама во врска со собирањето средства за кампањата за поддршка на изградба на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, соопшти американското Министерство за правда.

Обвинителите на Менхетен објавија дека Бенон е обвинет заедно со неколкумина тројца други, поради наводна измама на стотина илјади донатори во кампањата „Ќе изградиме ѕид“ вредна 25 милиони долари. Според обвинението, Бенон ветил дека 100 проценти од донираните пари ќе бидат употребени за тој проект, но обвинетите колективно користеле стотици илјади долари на начин кој не е во согласност со јавното претставување на организацијата.

Донаторите верувале дека парите ќе бидат за изградба на ѕидот, наведуваа обвинителите, но еден од обвинетите, Брајан Колфаж, кој е опишан како лице и основач на операцијата, добил илјадници долари за да го финансира својот раскошен начин на живот.

Бенон беше советник во претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година, во која изградбата на ѕидот на границата со Мексико беше клучно ветување. Банон беше главен стратег во Белата куќа во првата година од мандатот на Трамп, а тоа место го напушти во август 2017 година.

Се очекува Колфаж да се појави пред сојузниот суд денеска, додека Бенон треба да се појави пред Федералниот суд во Менхетен.