Нови 141 заболени со коронавирус, четворица починати

Архивска фотографија- тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 , информира Министерството за здравство. Најмногу од новозаболените се во Скопје- 51, а потоа следуваат Куманово-19, Струга-16, Штип-15, Прилеп и Тетово по шест, Битола четири, Дебар, Велес, Охрид, Гостивар, Пробиштип, Македонски Брод , Виница, Свети Николе и Кичево по два и по еден случај во Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Берово, Делчево и Неготино.

Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје еден од Кавадарци е еден од Свети Николе. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти.

Ковид19 на Балканот- во Србија 238 нови случаи, во Бугарија 174

Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.