Мицкоски: Пендаровски стана соучесник во криминалите на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Денеска со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе одиме пред канцелариите на претседателот на државата, пред вилата Водно, и ќе бараме Пендаровски да прими барем двајца од нас и да ни објасни врз основа на што тој го доделил мандатот за состав на нова влада без обезбедено мнозинство, бидејќи денеска претседателот на државата му го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев без доказ дека има мнозинство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, по подов доделувањето на мандатот за Влада на лидерот на социјалдемократите.

„Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите. Пендаровски ни збор на кажа за поскапувањето на струјата, за пропаста на една банка, за катастрофалното справување со кризата со ковид-19, за блокадата на македонските граѓани, за економското цунами, за изборниот грабеж, за злоупотребите на вонредната состојба, за неизвесноста од почетокот на учебната година... а денес го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема мнозинство. Со ова Пендаровски стана соучесник во сите криминали на Заев, тој е пион и извршител на неговиот партиски шеф Зоран Заев“, изјави Мицкоски.