ФБИ со рација во американски компании на украински тајкуни

Канцелариите на ФБИ во Мајами

ФБИ изврши рација во канцелариите на две американски компании кои се во сопственот на украинските тајкуни Ихор Коломојски и Хенадиј Бохолибов во Кливленд и Мајами. Оваа информација за РСЕ/РЛ ја потврди специјалниот агент на ФБИ Вики Андерсон Грег. Таа истакна дека засега не може да сподели детели од истрагата, но може да потврди дека засега нема приведени. Украинските тајкуни контролираат неколку компании во САД кои се занимаваа со продажба на недвижности, како и компании кои се дел од металугија, односно производство на легури и челик.

Предмет кој потекнува од граѓански судски систем го отвори прашањето со кое се сомничат двајцата украиски тајкуни за „перење“ на 780 милиони долари преки лажни заеми.