Нови 74 случаи на коронавирус, починати 3 пациенти, а оздравени 90 лица

Илустрација Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со ковид-19. Најмногу нови случаи има во Гостивар, односно 22 заразени, потоа во Скопје 14, Штип 13, Куманово 8, како и 4 во Виница, по 3 случаи во Кавадарци, Берово и Свети Николе, 2 во Кичево и по еден случај во Струга и Кочани.

Починати се тројца пациенти, двајца 73 годишни пациенти од Битола и од Демир Хисар и 44 годишен пациент од Скопје. Сите починале во болнички услови. Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти.

Филипче: Обезбедени 61 единица плазма, ајде да даруваме

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656