Нови 188 случаи на ковид-19, починати 5, а оздравени 268 лица

Илустрација. Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19. Најмногу случаи на заразени, односно 44 има во Скопје. Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти.

Се планира вклучување на уште три институции за тестирање за Ковид-19

Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.