Разговори меѓу САД и Русија за контрола на нуклеарното оружје

илустрација

Денеска во Виена почнуваат тридневни разговори за контрола на нуклеарното оружје меѓу официјални претставници на САД и на Русија За време на првата рунда разговори во минатиот месец, Соединетите држави и Русија разговараа за последната преостаната контрола на нуклеарното оружје, Новиот договорот за стратегиско оружје (Нов СТАРТ), со кој се опфаќа бројот на распоредени нуклеарни боеви глави со долг дострел.

САД и Русија во обид да го зачуваат последниот нивен нуклеарен договор

Разговорите доаѓаат по еднодневниот дијалог за безбедноста во вселената на 27 јули, прв на темата што ја водат двете држави од 2013 година. Соединетите држави предложија правила за одговорно однесување во вселената, кои ќе бидат моделирани врз постојните правила на војна, што се засноваат врз принципите на пропорционалност и хуманост.