Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19

Роберт О’Брајен, советник за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп, е позитивен на коронавирус, објави Ројтерс. О’Брајен е во изолација во својот дом, од каде што ги извршува работните активности.

Во меѓувреме од Белата куќа соопштија дека нема ризик за претседателот Доналд Трамп и потрпетседателот Мајк Пенс.

„ О’Брајан има благи симптоми, се изолираше и работи од безбедна локација надвор од својата канцеларија. Не постои ризик за претседателот или потпретседателот да бидат изложени на вирусот“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Институцијата наведува дека нејзиниот персонал редовно се тестира и О’Брајан е највисокиот службеник кој се заразил со корона. Пред него, член на американската армија, кој беше ангажиран во Белата куќа и портпаролот на Пенс, беа исто така позитивни на вирусот.

Во Соединетите Држави досега повеќе од 4,3 милиони луѓе се заразени со корона вирус, а околу 150.000 починаа.