Им го сменија уредникот, вработените во најчитаниот независен портал во Унгарија дадоа отказ

Поглед на Будимпешта

Десетици вработени дадоа отказ во најчитаниот унгарски новински портал откако нивниот уредник беше отпуштен оваа недела. Околу 60 вработени во index.hu вчера соопштија дека даваа отказ во солидарност со отпуштениот уредник Шаболц Дул.

Порталот Индекс долго време е мета на унгарскиот авторитарен премиер Виктор Орбан, кој го нарекува „фабрика за лажни вести“.

Продажбата на реклами на веб-страницата неодамна ја презеде про-орбан бизнисменот Миклош Васили, што се сметаше за злонамерно за уредувачката независност на медиумот.

Дул беше разрешен на 21 јули поради несогласувања меѓу менаџментот и уредништвото за предложената реорганизација на редакцијата.

Вработените дадоа отказ откако менаџментот го одби нивното барање за враќање на Дул.

Слободата на печатот е во пад во Унгарија по враќањето на Орбан на власт во 2010 година. Во изминатите години многу независни медиуми или згаснаа или беа купени од сојузници на Орбан.