Каталонија ги затвора ноќните клубови и кафулињата поради ковид-19

Луѓе во Барселона

Каталонската влада денеска соопшти дека сите ноќни клубови и кафулиња ќе бидат затворени во наредните две недели поради порастот на бројот на заболени од коронавирус.

Само еден месец откако заврши вонредната состојба во Шпанија, многу градови, вклучувајќи ги Барселона, Сарагоса и главниот град Мадрид имаат пораст на бројот на заразени.

Само вчера беа пријавени нови 900 случаи.

Барселона поради тоа ги затвори плажите, но граѓаните ја игнорираат таа забрана. Министерката за туризам на Каталонија на 22 јули изјави дека епидемијата е под контрола и дека се надева оти Франција нема да ја затвори границата со Шпанија.
Франција ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Каталонија, додека Норвешка порача дека ќе воведе карантин за луѓето кои се враќаат од Шпанија.