Расте бројот на заразени од коронавирус на Балканот

Луѓе чекаат ред за тестирање од ковид-19 во Софија

Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во Бугарија денеска надмина 10 илјади, откако беа регистрирани се 270 нови пациенти во последните 24 часа. Во текот на ноќта починале осум лица, со што вкупниот број на починати сега изнесува 337. Најголем број од заразените се во Софија, Пловдив и Благоевград.

Во Босна и Херцеговина вчера беа регистрирани 305 нови случаи, а шест луѓе починаа. Бројот на заразени достигна скоро 9800, а 280 луѓе починаа.

Во Србија вчера беа регистрирани 409 нови случаи, а 10 луѓе починаа. Вкупниот број на случаи од почетокот на епидемијата е скоро 23 илјади, а 518 луѓе починаа.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон синоќа рече дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба.