ВМРО-ДПМНЕ го ограничи мандатот на претседателот на партијата

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го промени статутот на партијата и го огранички мандатот на претседателот. Претседателот ќе има мандат од 4 години, со право на резибор уште два пати, но третиот пат тоа мора да биде одобрено од две-третини од членовите на телата и органите на партијата. Ваквата одлука е донесена на вечерашанта седница на Централниот комитет на партијата.

На седницата е донесена одлука да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицкоски да се обиде да состави влада, односно да обезбеди парламентарно мнозинство.

Одлуките по состанокот ги соопшти Панче Тошков, претседател на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

„Статутот е сменет во насока на демократизација на партијата и пренесување на поголема надлежност на членстовото и на органите на партијата“, рече Тошков.

Новиот статут предвидува формирање на Унија на ветерани и Форум на интелектуалци. Статутот, како што рече Тошков, не предвидува почесни претседатели.

„Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту кој било поранешен почесен претседател, согласно овој статут, повеќе не се почесни претседатели“, изјави Тошков.