Поднесени 2.142 приговори до ДИК за резултатите од гласањето

Архива- Седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Вкупно 2.142 приговори се поднесено до Државнта изборна комисија за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите, а ДИК по приговорите треба да се произнесе во рок од 72 часа.

До истекувањето на рокот вчера во 19 и 30 часот, партијата Левица поднесе 1.982 приговори, Алијанса за Албанците – Алтернатива поднесе вкупно 151 приговор, два ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето, а до Комисијата е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Државната изборна комисија во меѓувреме објави сооптение на 18 јули на својата интернет страница во кое наведе дека се корегирани резултатите од предвремените парламентарни избори. Во објавениот заклучок за исправка на технички грешки се наведува дека вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број на неважечки ливичиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Левица обвини дека ѝ се украдени 3 мандати, ќе ги тужи членовите на ДИК

Од партијата Левица соопштија дека проговорите се поднесени поради „бројни нерегуларности“ во процесот на броењето и сумирањето на резултатите, „случени манипулации и фалсификати“ и дека партијата мета оти со тоа ѝ се скратени три пратенички мандати.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот процес бил нарушен, обвинувајќи ја владејачката СДСМ, која освои најмногу мандати, за „поткуп и фалсификат на изборната волја“ и побараа рачно пребројување на гласачките ливчиња.

Од СДСМ наведуваат дека победиле на слободни, демократски и фер избори и побараа ВМРО-ДПМНЕ „поразот да го бараат“ во сопствените редови.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски изјави дека по завршувањето на роковите за поднесувањер приговори, ДИК ќе закаже јавна седница на која ќе ги разгледува и ќе одлулува за приговорите.

Според резултатите на ДИК најмногу мандати освои коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ 46, потоа следуваат коалицијата „Обнова“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 44, ДУИ 15, Алијансата за Албанците - Алтернатива 12, Левица два пратеника и ДПА еден.

Недобивањето на датум за преговори за членство во Европската унија во октомври 2019, беше причина лидерите на најголемите партии во земјава да договорат одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година, но тие беа одложени за 15 јули поради избувнувањето на епидемијата на Ковид -19.