Самит на ЕУ за планот за опоравување од пандемијата

Брисел- претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен и прмиер на Луксембург Ксавиер Бетел, 17.07.2020

Лидерите на 27-те земји членки на Европската унија денеска пристигнаа на прв директен состанок во Брисел, по месеци онлајн средби. На состанокот тие дискутираат за планот за опоравување од пандемијата вреден 750 милијарди евра.

ЕУ, според предвидувањата, се соочува со најголемата рецесија од нејзиното основање, а лидерите на блокот се согласуваат дека мора да реагираат брзо за да спречат пандемијата да предзивика сериозни штети врз нивните длабоко поврзани економии.

Но, по нивниот претходен онлајн состанок, лидерите на ЕУ кои денеска го почнаа дводневниот самит, се се уште далеку за многу прашања, меѓу кои и вкупната големина на фондот и долгорочниот буџет на ЕУ со кој тој е поврзан. Самитот се одржува со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а некои лидери носат и маски.

Францускиот претседател Емануел Макрон по пристигнувањето рече дека блокот се соочува со момент на вистината и побара од лидерите на ЕУ да бидат подготвени за компромиси кои ќе доведат до постигнување договор.