Британија ја обвини Русија за обид за мешање во ланските избори

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб

Британската влада обвини „руски актери“ дека се обиделе да се мешаат во ланските избори. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, во писмената изјава до новоформираната парламентарна комисија наведува дека е „скоро сигурно“ оти неименувани лица „се обиделе да се мешаат“ во изборите во декември 2019 година. со објавување „нелегално стекнати државни документи“ на интернет. Документите поврзани со трговскиот договор меѓу Британија и Соединетите држави, ги користеше тогашниот лидер на водечката опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, за да ги поддржи неговите тврдења дека конзервативната влада се подготвува за „продажба“ на Националната здравствена служба.

Германија бара санкции за Русија поради хакерски напад на Бундестагот

Написите во весниците се верува дека се појавија на интернет на платформата за социјални медиуми Редит, неколку месеци порано, но не привлекоа големо внимание сè додека лабуристите не ги претставија на прес-конференција за време на кампањата во ноември минатата година.