Само Тетово и Јегуновце со над 40 % одзив во тетовско

До 19 часот во општините Тетово и Јегуновце се надминати 40 проценти на излезност за гласање од страна на граѓаните. Во Општина Тетово од 84.454 граѓаните гласале 40, 97 проценти додека во Јегуновце од 10.168 луѓе гласале 40,52 отсто запишани избирачи.

И натаму општина Желино останува со најмала излезност на граѓаните. Од 23.926 граѓани само 28, 16 % отишле да гласаат во едно од 35-те избирачки места.

Во Теарце се бележат 36,42% одѕив на граѓаните, а слична излезност е евидентирана во Боговиње со 32,10 % и Брвеница со 35, 34 %.