СЗО: Нов дневен рекорд на заразени со коронавирусот во светот

илустрација

Во светот во последните 24 часа се регистрирани над 230.000 ново заразени со коронавирусот, што е нов дневен рекорд, објави Светската здравствена организација, наведувајќи дека Соединетите држави повторно се земја со најмногу случаи, повеќе од 66.000 новозаразени. Поради доцнењето на резултатите и известувањето за бројот на заразени, ова се само приближни бројки, а се смета дека бројот на заразени е многу поголем.

Трамп се појави во јавност со заштитна маска

Рекордот последен пат беше достигнат во петокот, со повеќе од 228,000 нови инфекции за еден ден на глобално ниво. Од почетокот на пандемијата, според СЗО, заразени се над 12,5 милиони луѓе, а 561.000 умреле.