Украински тајкун во битка за зголемување на медиумската моќ

Политичка карикатура на украинскиот тајкун Коломојски

Украинскиот тајкун Ихор Коломојски, чии ТВ станици го поддржаа претседателот Володимир Зеленски, се надева на зголемување на неговата моќ во медиумите. Компанијата контролирана од укринскиот тајкун учествува во наддавање за управување со средствата на локална медиумска компанија со што ќе го зголеми своето влијание врз содржината на информативните инфорамции. Компанијата 1+1 Медиа Груп, е една од шестте комании кои се натпреваруват за УМХ Холдинг, некогашан водечка медиумска компнија во Украина, пишува Киев Пост.

Државната агенција надлежна за враќање на украдените пари од времето на мандатот на Виктор Јанукович, ја води постапката со јавно наддавање. Јанукович беше симнат од власт во 2014 година по неколкумесечен протест против корупмирано владеење.

Претседателски кандидат и украински олигарх

Бегалецот и олигарх Сергеј Курченко го купи УХМ во 2013 година за 400 милиони американски долари, но украинскиот суд во 2017 година му го одзеде со образложение дека е купено со незаконски стекнати пари. Иако УХМ Холдоинг го нема повеќе истото медиумско влијание како претходните години, сепак под своја капа има 72 правни објекти, меѓу кои весници, радиостаници, списанија и веб страници. Компанијата поседува и права на интелектуална сопственост на 283 трговски марки како и опрема за печатење.

Од друга страна, пак, Коломојски под закрина на неговата империја има седум телевизиски канали, група на интерент страници, како и оддел за производство меѓу другото. Тој е во моменгтов еден од највлијателните олигарси во земјата откако се врати во Украина по неколку годишниот самонаметнат егзил, непосредно по победата на Зеленски. Еден од неговите конкуренти ологархот Ринат Акхметов го критикуваше процесот на наддавање, посочувајќи дека станува збор за “таен трансфер на лиценци за емитување“, што според него ги крши правилата за радиодифузија.