Протести во знак на поддршка на уапсен руски гувернер

Приведување на гувернерот Сергеј Фургал

Десетици илјади демонстранти излегоаа на улиците во рускиот град Кабаровск во знак на протест против апсењето на нивниот регионален гувернер под сомнение за убиство. Поддржувачите на Сергеј Фургал се собраа па централниот плоштад Ленин носејќи постери со пароли „јас сум Сергеј Фургал“ и „Слободен Фургал“ , а дел од демонстрантите извикуваа „ Срам за Москва“, „Долу Царот“, и „Путин е Крадец“. Слични протести се оддржуваа и во неколку други градови од регионот. Демонстрациите доаѓаат по само еден ден откако московскиот суд му одреди два месеца притвор на 50 годишниот Фургал.

Тој се изјасни за невин по обвинувањата дека е инволвиран во нарачки на убиства и обиди за убиства на неколку бизнисмени во 2004 и 2005 година. Фургал го победи Вјачеслав Шпорт на изборите во 2018 година што предизвика големо вознемирување кај владејачката партија Обединета Русија.