Аја Софија во Истанбул станува џамија

Аја Софија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша декретот со кој Аја Софија станува џамија. Судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј.

Денеска се очекува пресудата дали Аја Софија ќе стане џамија

Аја Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.