Вучиќ и Хоти во недела во Брисел

Портпаролот на Европската Унија Питер Сано соопшти дека косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, во недела ќе пристигнат во Брисел за да ги продолжат разговорите во рамките на политичкиот дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Средбата меѓу премиерот на Косово и претседателот на Србија значи продолжување на дијалогот во Брисел, кој беше прекинат во ноември 2018 година.

На состанокот во Брисел, партиите официјално ќе бидат примени од министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеф Борел, а процесот на преговори ќе го води специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

Средбата едел од последната рунда разговори, по откажаната средба на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон, со посредство на специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалог Косово-Србија, Ричард Гренел.

Стано претходно најави дека дијалогот ќе продолжи во јули, а потоа истакна дека ЕУ го продолжува својот целосен ангажман на тоа поле, а како доказ го спомена и посетата на европскиот специјален претставник Мирослав Лајчак на Приштина и во Белград.