Пад на индустриското производство за 27 отсто

Во текот на месец мај годинава, индустриското производство се намалило за 27 отсто во споредба со истиот месец во 2019 година, објави Државниот завод за статистика.

Како што се наведува во соопштението на ДЗС, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,3 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 32,1 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.