Нов корона бран во Австралија, карантин во 10 делови на Мелбурн

Илустрација

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, нареди карантин во 10 предградија на Мелбурн, откако денеска се регистрирани нови 64 случаи на ковид-19, при што поголемиот дел од новите случаи се резултат на локална трансмисија токму во овие предградија, пренесе АП.

Новите рестрикции значат дека жителите во овие предградија можат да ги напуштат своите домови само за одење на лекар, вежбање, купување основни продукти или одење на работа и училиште.

Австралија пред повеќе недели соопшти дека се справила со коронавирусот, а нејзините мерки беа оценети како едни од најуспешните.