Претпладне сончево, попладне поројни дождови

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.