Заразените со ковид-19 од свадбата во Скопје сè уште ги кријат контактите

Иринка Сотирова Букова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Јавноста треба да добие одговор за случајот кластер „Свадба“, каде се уште има само 14 позитивни и ниту еден контакт, истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова. Таа рече дека Министерството за внатрешни работи (МВР) помага кога не можат да достават одредени решенија, но сега веќе ќе мора тоа да се решава и на друг начин.

Таа посочи дека по веќе отворените кластери, како што се: „Мекици Охрид“ има 21 позитивен и повеќе од 100 контакти, „Куќна слава Ресен“ има 31 позитивен и повеќе од 70 контакти.

„За жал во овој период имавме и кластери погреби на ковид позитивни кои по протокол не смеат да се изведуваат со повеќе од пет личности. ДСЗИ нема информации дали МВР постапува по овие кластери, додаде д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.