ОН – Раселено 1 процент од светското население

Илустрација: Мигранти во Грција

Речиси 80 милиони луѓе се раселени во светот, што е рекордно висока бројка. Тоа претставува повеќе од еден отсто од светската популација, покажува извештајот на Високиот комесаријатот на ОН за бегалци (УНХЦР), објавен денеска. Раселените се приморани да ги напуштат своите домови и да бегаат од насилство или прогон и денеска да живеат далеку од своите куќи.

Во извештајот се наведува дека проценките се дека кон крајот на 2019 во светот има 79,5 милиони луѓе кои се беглаци, баратели на азил или лица искоренети од сопствените земји со сè помалку изгледи да се вратат во нив.

Пред десет години имаше 40 милиони раселени, односно бројот се удвоил за една деценија, што значи дека има повеќе конфликти, и дека недоволно се барани политички решенија за окончување на кризите.

Само во текот на 2019 година, има нови 11 милиони раселени луѓе, во најголем дел во мал број земји зафатени со војна.

Околу 68 отсто од сите бегалци во светот доаѓаат од пет земји – Сирија, Венецуела, Авганистан, Јужен Судан и Мјанмар.