Џафери ги распиша изборите за 15 јули, решението пратено до ДИК

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа го потпишал решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори со кои изборите се распишани за на 15 јули, информираше денеска тој на својот Фејсбук профил.

„Истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, информира Џафери.

Инаку изборите првично беа закажани за на 12 април, но беа одложени поради пандемијата со коронавирусот. Потоа партиите преговараа за нов датум, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера постигнаа договор тие да се одржат на 15 јули.