Обезбедена плазма за лекување на 23 пациенти со ковид-19

Обезбедена е плазма за лекување на 23 пациенти со ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство. Од таму велат дека во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма од луѓе кои го прележале вирусот, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и девет преку стандардно дарување на целокупна крв.

Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот, истакнуваат од Министерството за здравство.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.