Шестмина не почитувале изолација, а 1071 не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие на 790 луѓе во земјава им се издадени решенија за изолација, а 214 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација и е констатирано дека шест луѓе не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

За неносење лична заштита на лице санкционирани ќе бидат 1071 лице. Носењето маска е задолжително во затворени простории и на отворено кога не може да се одржува препорачаното растојание од 2 метри, како на пример на пазари.